SpreadSheetGenerator.zip SHA256: bb8f943bad9faea8753efcc8e05d5e8b4bc02bb4075af0d84dca4a8d1a738f8f
Оваа апликација генерира табела и ја зачувува автоматски на Desktop - table.xlsx (според број на ученици и предмети) со подготвени формули за:
- Просек на оцени
- Успех (Одличен, Мн.Добар, Доволен, Недоволен)
- Вкупен број на оправдани/неоправдани изостаноци по ученик
- Вкупен број на оправдани/неоправдани изостаноци во клас
- Успех м/ж (број на машки или женски ученици со одличен успех... Многу добар успех... итн...)
- Број на оцени по предмет (Пример: Биологија - 10 петки, 5 четворки, 2 двојки итн...)
Предметите ќе бидат именувани со генеричко име: Предмет1, Предмет2, итн... имињата на предметите треба да се променат во главната табела, како и во споредната табела за број на дадена оцена по предмет. Редоследот на внесување на предметите треба да е идентичен во двете табели.
Пример: Ако во главната табела редоследот на предмети е: Математика, Биологија, Историја - истиот редослед на предмети треба да е зачуван и во споредната табела
При внесување на пол на ученикот, мора да се користи кирилично писмо: м или ж, во спротивно формулите каде фигурира пол, нема да работат.
Полињата каде може да се прават промени се обележани со зелена боја:
Останатите полиња се со генерирани вредности со формули и не треба да се променуваат.






